Минстерството за транспорт и врски распиша оглас за јавно наддавање за отуѓување на државно градежно земјиште во општина Гевгелија на кое е предвидена изградба на трговски центар. Парцелата зацртана во урбанистичкиот план вон населено место за „Повеќенаменски комплекс, Граничен премин Богородица“ се наоѓа кај местото викано Милци и е со површина од 23.088 метри квадратни. Почетната цена изнесува 2.000 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават најдоцна до 20.05.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 31.05.2010.