Претходна статија
Утре и задутре GEZE ќе одржи презентација во Македонија
Следна статија
Денеска нов протест „Го сакам ГТЦ“

ПЕТ Центарот во Скопје ќе го гради австриски „Штрабаг“

Објавено на 02.10.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Завршен е проектанскиот дел од работата и избран е изведувач за изградба на Центарот за позитронска емисиона томографија (ПЕТ центар) во Скопје. Најповолна понуда на меѓународниот тендер доставила австриската градежна компанија „Штрабаг“ (Strabag SE), која ќе го изгради објектот за 381.140.000 денари, односно околу 6,2 милиони евра. Mинистерот за здравство Никола Тодоров и извршниот директор на „Штрабаг“ Франц Бургшталер, денеска ставија потписи на договорот кој предвидува завршување на работите во рок од 16 месеци. Почетокот на првото производство на ПЕТ препарати се планира за август 2015 година. Првично беше соопштено дека изградбата ќе стартува во мај годинава, додека почетокот на производство беше најавен за јануари 2015 година.

 

ПЕТ Центар - СкопјеПЕТ Центар - СкопјеПЕТ Центар - Скопје

ПЕТ Центар - СкопјеПЕТ Центар - СкопјеПЕТ Центар - Скопје

 

 

Објектот ќе се гради на површина од 2.600 метри квадратни во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Опремувањето ќе се одвива во две фази – циклотронот и една ПЕТ-ЦТ камера се нарачани и се очекува да бидат доставени во втората половина на 2014 година, а Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) учествува со комплетирање на една производствена лабораторија.

 

„Позитронска емисиона томографија (ПЕТ) претставува нуклеарно медицинска визуализациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото. Воедно, претставува нов чекор во евалуацијата на функционалните и малигните метаболни промени во организмот на пациентите, а се користи во областа на онкологијата, хематологијата, кардиологијата и неврологијата, а во поново време во детската патологија и при инфекции и инфламации со непознато потекло“ посочи министерот Тодоров.

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=a2aupa63dKQ&rel=0&w=515]