Претходна статија
Порасна цената и на Музејот на македонската борба
Следна статија
ТЕМА: Коза може, велосипед не може да влезе во македонските возови

Фасадно уредување и осветлување за спортската арена „Филип Втори“

Објавено на 13.09.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За десетина дена ќе започне изведбата на фасадата и надворешното осветлување на Националната спортска арена „Филип Втори“ во Скопје. Завршната етапа од обемната реконструкција и надградба на нашиот најголем стадион ќе ја изведува скопски „Бетон“ и за оваа намена ќе се потрошат од осум до девет милиони евра. Во првата фаза ќе се вложат 2,5 милиони евра, при што дополнителни средства ќе се инвестираат за опремување на подтрибинскиот простор. Со довршување на овој дел од стадионот со површина од 3.153 метри квадратни во функција ќе се стават планираните комерцијални простории. Покрај во доградба, зацртаните финансиски средства се наменети и за фасадно обликување и осветлување на Источната трибина. Рокот за изведба на оваа фаза изнесува од три до четири месеци.

 

###

###

 

 

По комплетирањето на првата фаза, Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП), кое стопанисува со арената, ќе продолжи со реализација на фасадата, илуминација и довршување на подтрибинските простории на останатите трибини. Предвидено е да се стават во употреба дополнителни 12.139 метри квадратни, од кои дел ќе бидат доделени на спортските федерации, а дел ќе бидат со комерцијална намена. Според директорот на АДСДП Цветко Грозданов, во наредниот период ќе се донесе одлука дали комерцијалниот дел од подтрибинскиот простор ќе се продава или ќе се издава на заинтересирани субјекти.

 

„За овој простор што ќе го понудиме како нов и атрактивен во Градскиот парк, во центарот на Скопје, сметам дека интересот ќе биде голем затоа што анкетата што ја направи нашето одделение за маркетинг покажа дека правните субјекти имаат интерес да вложат, односно да добијат простор којшто знаат дека долг временски период ќе им биде од корист и ќе биде издаден“, нагласи Грозданов. Проектот за реконструкција и надградба на Националната арена „Филип Втори“ се реализира во неколку фази во изминативе пет години.