Претходна статија
Догодина по македонските пруги ќе се движат нови патнички гарнитури
Следна статија
Манастирот Трескавец од денеска поврзан со асфалтен пат

Пуштен во употреба пазарот во Пробиштип

Објавено на 28.08.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска го пуштија во употреба новиот градски пазар во Пробиштип. Изградбата започна во април минатата година и чинеше 82 милиони денари или преку 1,3 милиони евра, обезбедени од буџетот на општината.

 

Објектот се простира на површина од 8.000 метри квадратни, од кои 543 метри квадратни претставуваат простории од затворен тип во кои ќе се продаваат производи по ХАСАП – стандарди, во чии рамки ќе биде сместен и маркет. Просторот е концепциски поделен на сектори во кои ќе се продаваат земјоделски и млечни производи, текстил, леб и бели печива. Отворениот дел на пазарот со 200 тезги се простира на површина од 1.600 метри квадратни, 4.000 метри квадратни од објектот се поплочени и хортикултурно уредени, додека 3.623 метри квадратни се наменети за паркирање и сервисни улици за пристап. Во рамки на пазарот се изградени и јавни тоалети.

 

##