Претходна статија
Цената на новата зграда на АЕК надмина 10 милиони евра
Следна статија
Становите продолжуваат да поефтинуваат, цената на канцеларискиот простор стабилна

Објавена содржината на спогодбата за „Јужен поток“

Објавено на 31.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Спогодбата помеѓу Владите на Македонија и Русија за соработка при изградбата на крак од гасоводот „Јужен поток“ наменет за нашата земја, која беше потпишана на 23-ти овој месец, од денеска ѝ е достапна на јавноста. Со спогодбата е предвидено двете страни да го помагаат проектирањето, изградбата и користењето на гасоводниот крак, доколку се потврди целисходноста на реализација на проектот. За таа цел ќе се изврши техничко – економска пресметка, односно анализа за одредување на техничката, економската, еколошката и финансиската оправданост, а потоа врз основа на анализата двете страни треба да ја потврдат целисходноста, за што ќе се информираат преку дипломатски канали. Во случај на одобрување, ќе биде формирана заедничка компанија за реализација на проектот. Овластена организација за спроведување на потребните анализи од македонска страна е „Македонски енергетски ресурси“ (МЕР), а од руска страна е „Газпром“.

 

„Јужен поток“ почна да се гради во декември минатата година. Се проценува дека за негова реализација се потребни 16 милјарди евра. Очекувањата се дека до 2015 година ќе се изгради морскиот крак под Црното Море до Југоисточан Европа, а до 2018 година проектот ќе биде целосно завршен. Капацитетот на гасоводот ќе изнесува 63 милјарди кубни метри гас годишно.

 

 

Спогодбата во целост е достапна на следниов » ЛИНК