Претходна статија
Продадени четири парцели за изградба на станбени згради во Аеродром
Следна статија
Се продава земјиште за изградба на бензински пумпи долж Коридорот 10

Задолжување за подземната сообраќајница во центарот на Скопје

Објавено на 24.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на Град Скопје донесе одлука за задолжување во висина од 4,8 милиони евра на Градот Скопје преку издавање обврзници за изградба на подземната сообраќајница во центарот на Скопје. Новото задолжување е во функција на целосна реализација на еден од најзначајните проекти на локалната власт. Паралелно со заокружувањето на финансиската конструкција, во моментов тече и огласот за прибирање понуди од потенцијалните изведувачи. Крајниот рок за доставување на понудите истекува на 12 август, а досега за изградба на подземната сообраќајница пројавиле интерес 15-тина градежни компании. Со овој проект е предвидено со тунел да се спои булеварот„Кузман Јосифовски – Питу“ со булеварите „Илинден“ и „ВМРО“.

 

#

 

 

Трасата ќе има по една коловозна лента во секој правец и е предвидено да биде долга 1.300 метри, од кои 900 метри ќе бидат под земја, додека 400 метри над земја. Првичните прогнози велеа дека за овој проект треба да се издвојат околу 32 милиони евра. Започнувајќи од мостот „Гоце Делчев“, подземната сообраќајница ќе минува под „Кејот 13-ти ноември“ за да излезе на идниот кружен тек кај булеварот „Кузман Јосифовски – Питу“. Тендерот за изградба на подземната сообраќајница беше објавен во јануари годинава.

 

 

» Форумска дискусија за предложената подземна сообраќајница помеѓу булеварот Кузман Јосифовски Питу и булеварот Илинден