Претходна статија
Нови 370 илјади евра за довршување на зградата на Јавното обвинителство и Финансиската полиција
Следна статија
Скопски „Синтек“ ќе го санира Мелнички мост на патот Маврово - Дебар

Отворен аква – паркот во спортскиот центар „Борис Трајковски“

Објавено на 21.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од денеска се отворија вратите на аква – паркот во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“ [»мапа]. На површина од 12.000 метри квадратни се сместени 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда, три кафе – бара, санитарни јазли, соблекувална, прва помош и 3.000 метри квадратни хортикултурно уреден простор. Аква – паркот е опремен со сопствена пречистителна станица и современ систем за песочна филтрација на водата. Има капацитет од 1.000 посетители, а за нивната безбедност ќе се грижат 35 спасувачи.

 

Проектот е инвестиција на Владата која според последните информации достигна 5,5 милиони евра. Изградбата започна на почетокот на годинава, а изведувачи беа турската компанија „Полин супарклари ве хавуз системлери аноним ширкети“ и македонските фирми „Жикол“ од Струмица и „Електро – унион“ од Скопје, според проектот изработен од „Темон инженеринг“. После пробиштипскиот кој беше отворен во 2011 година, ова е втор аква – парк во државава, а прв во главниот град.

 

 

###

###

###

###

###

###

###

###

###