Претходна статија
Граничниот премин Блаце ќе се проширува
Следна статија
Реновирањето на „Универзална“ повторно одложено

Камен темелник за слободната зона во Штип

Објавено на 26.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ТИРЗ ШтипЗа утре е најавено поставување на камен темелник за Технолошката индустриска развојна зона Штип. ТИРЗ Штип е со површина од 206 хектари и е најголема од предвидените слободни економски зони во Македонија. Се наоѓа северозападно од градот, кај локалитетот „Три Чешми“, веднаш до клучката на излезот од Штип кон Велес, Кочани и Радовиш. Во границите на зоната покрај производство и услуги се предвидени и површини за комерцијални и деловни единици,  јавни установи, зеленило и спорт и рекреација.


Со церемонијата на која ќе присуствува и премиерот Никола Груевски се обележува почетокот на првата фаза од изградбата на инфраструктурата на ТИРЗ Штип. Со нејзе е опфатена изградба на главна сообраќајница долга 2,2 километри, атмосферска канализација, водоводна и канализациона мрежа. Вкупната инвестиција за првата фаза ќе изнесува околу 7 милиони евра. Во втора фаза ќе биде разработена преостанатата инфраструктура.


При посетата на Штип, премиерот ќе ја пушти во употреба и новата спортска сала во населбата Сењак, која ќе биде предадена на користење на Универзитетот „Гоце Делчев“. Таму се планира и изградба на затворен базен и на објектите на новиот студентски дом.