Претходна статија
На продажба нови 20 парцели за семејни куќи во населбата „Јака“
Следна статија
Катастарските планови ќе се дигитализираат до крајот на 2014 година

Постоечките се премалку, Градот Скопје сака да воведе нови такси стојалишта

Објавено на 20.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во македонската метропола во моментов функционираат 135 такси стојалишта со капацитет за 683 возила, иако бројката на таксисти во градот е неколку пати поголема. Проблемот со секојдневниот метеж што го создаваат непрописно паркираните таксисти ќе се решава со воведување нови такси стојалишта во главниот град. Градот Скопје распиша оглас за избор на најповолен понудувач за изработка на измени и дополнувања на основниот сообраќен проект за утврдување на локации, капацитет и опрема на такси станици во Скопје од ноември 2010 година. Заинтересираните субјекти треба да ги достават своите понуди до 30 мај, кога ќе биде одлучено кој ќе ја изработи документацијата за дополнителни такси станици. Во рамките на зафатот не е предвидено да се зголеми постоечкиот максимален број на такси возила што сообраќаат по улиците на главниот град.

 

 

 

 

По изготвувањето на измените во сообраќајниот проект, градската власт ќе премине кон уредување на новите такси стојалишта. Со остварувањето на овој зафат ќе се подобрат условите за извршување на такси дејноста во Скопје, на граѓаните ќе им се понудат повеќе локации од каде ќе можат да ги користат услугите на таксистите, но и ќе се надмине проблемот со блокирање на сообраќајот од паркираните такси возила. Максималниот број на такси возила во Скопје е ограничен на 3.000, при што сите таксисти со добиена лиценца е задолжително да ги унифицираат своите автомобили во бело – жолта боја.

 

 

» Форумска дискусија за такси превозот во Македонија