На разни локации во централното градско подрачје на Скопје, денеска беа поставени шест нови бронзени споменици. Покрај шесте споменици на Павел Шатев, Христо Татарчев, Кузман Јосифовски Питу, Христо Узунов, Борис Сарафов и Васил Чакаларов, во текот на денот се работеше и на мостот „Око“ каде се монтираа предвидените 29 скулптури на благородници, антички и пајонски кралеви, кнезови и други историски ликови, како и на плоштадот „Пресвета Богородица“, каде беа поставени скулптурите на Св. Богородица, Св. Петар и Павле и Св. Никола.
Споменик на Павел Шатев
локација: до „Порта Македонија“
Споменик на Христо Татарчев
локација: до „Порта Македонија“
Споменик на Кузман Јосифовски Питу
локација: парк „Жена борец“
Споменик на Христо Узунов
локација: спроти Министерството за правда
Споменик на Борис Сарафов
локација: кај Министерството за надворешни работи
Споменик на Васил Чакаларов
локација: кружен тек кај католичката црква
Скулптури на мостот „Око“
Скулптури на плоштадот „Пресвета Богородица“