Претходна статија
Инвеститорите во фотонапонски електрани се уште мака мачат со дозволите од регулаторна
Следна статија
Гасификацијата на Куманово наидува на проблеми

Турската компанија „НеСа Енерџи“ ќе гради 44 ветерници во Богданци?

Објавено на 18.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Богданци е една од ретките македонски општини во која се направени детални мерења на брзината на ветерот и е утврдено дека на нејзината територија постојат локации со поволни услови за производство на електрична енергија од ветерни турбини. После неколкугодишни истражувања, Електрани на Македонија во моментов забрзано работат на реализација на ветропаркот во Богданци, амбициозен проект за изградба на вкупно 22 ветерници со инсталиран капацитет од 50 мегавати. Покрај инвестирањето од државната компанија, турската фирма „НеСа Енерџи“ вчера потпиша писмо за намери со локалната власт од Богданци за изградба на 44 ветерни турбини со вкупна вредност од 130 милиони евра.

 

Локалната самоуправа во претстојниот период ќе треба да ја изработи урбанистичко – планската документација за посакуваниот локалитет од турска страна, по што би следело потпишувањето на конечниот договор за реализација на овој голем енергетски објект. Од турската компанија „НеСа Енерџи“ истакнуваат дека прифатливата локација и квалитетот на ветерот се факторите кои можат позитивно да влијаат во евентуалното остварување на проектот. Во наредниот период треба да се задоволат сите неопходни услови за изведба на зафатот, а турската компанија веќе отворила свое претставништво во Скопје. „НеСа Енерџи“ се занимава со изработка на проекти за развој, финансирање, реализација и менаџирање на енергетски објекти кои ги искористуваат обновливите извори при производството на електрична енергија.

 

 

» Форумска дискусија за ветерните електрани во Македонија