Претходна статија
Затворот во Шуто Оризари ќе се проширува со нови згради
Следна статија
Продадени уште седум парцели во индустриската зона „Жабени“

Започна изградбата на аква – паркот кај салата „Борис Трајковски“

Објавено на 06.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Скопје денеска беше означен почетокот на изградбата на Градскиот аква – парк кој ќе биде во состав на Спорсткиот центар „Борис Трајковски“. На површина од 12.000 метри квадратни треба да се изградат 10 тобогани, базен за деца, базен со бранови, мрзлива река, административна зграда со ресторан, кафе бар, санитарни јазли, соблекувални и прва помош. Под објектот ќе има стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Наместо првично замислената локација до базенот „Младост“, аква – паркот се гради од северната страна на спортската сала, веднаш до хотелот „Александар Палас“ [»мапа]. Проектот кој според најновите информации е тежок 4,2 милиони евра, треба да биде завршен до почетокот на летово.

 

Изведувачи се турската компанија „Полин супарклари ве хавуз системлери аноним ширкети“ и македонските фирми „Жикол“ од Струмица и „Електро – унион“ од Скопје, според проектот изработен од „Темон инженеринг“. Директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски, во неговото обраќање во рамки на денешната свеченост најави дека во изградбата ќе бидат вклучени преку 200 работници.

 

 

3Д Визуелизации:

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=T3W0Qv4TXjg&rel=0&w=515]