Претходна статија
Скопски „Бетон“ ќе го реализира надвишувањето на браната „Леуново“
Следна статија
Втор тендер за новиот изглед на владината зграда

Македонија ќе добие Центар за позитрона емисиона томографија

Објавено на 04.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за здравство наредната недела ќе распише тендер за изградба на Центарот за позитрона емисиона томографија (ПЕТ центар), а стартот на градежните работи на оваа современа здравствена установа се очекува да биде кон крајот од мај. Објектот ќе се гради на површина од 2.600 метри квадратни во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Во центарот ќе се вложат севкупно околу 10 милиони евра, од кои преку четири милиони евра се потребни за планираната зграда. Рокот за реализација е јануари 2015 година, кога треба да започне производството на ПЕТ препарати.

 

Министерот за здравство, Никола Тодоров на денешната прес – конференција изјави дека земјава ќе постане регионален лидер во производството на изотопи чиј период на распаѓање е од 10 до 109 минути. „ПЕТ претставува нуклеарно медицинска визуелизациска техника со која се добива тродимензионално прикажување и мапирање на функционалните процеси во телото. Воедно, претставува нов чекор во евалуација на функционалните и малигните метаболни промени во организмот на пациентите, а се користи во областа на онкологија, хематологија, радиологија и неврологија, а во поново време и во детска патологија“, објасни министерот Тодоров.