Претходна статија
Ќе се проектира пругата од Кичево кон Албанија
Следна статија
Новиот кеј на Вардар во центарот на Скопје ќе чини над 5,5 милиони евра

Зоната „Ќојлија“ ги отвори вратите за нови фабрики, угостителски објект и трговски центар

Објавено на 22.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мултифункционална зона ЌојлијаПоловичен успех на Општина Петровец во продажбата на градежно земјиште во мултифункционалната зона „Ќојлија“. Од 16 огласени, на последното електронско јавно наддавање се продадоа осум градежни парцели во рамките на уредениот простор со вкупна површина од 196 хектари. Огромен трговски центар со максимална површина од 74.194 метри квадратни, голем угостителски објект и шест производствени погони од лесната индустрија ќе се подигнат во наредните неколку години во зоната. На аукцијата се отуѓи земјиште со големина од 278.677 метри квадратни, при што инвеститорот на идниот трговски центар ја купи најголемата парцела со површина од 70.661 метри квадратни. Локалната самоуправа со продажбата во буџетот ќе инкасира 51.937.859 денари или над 840.000 евра, по преточувањето на понудените цени од електронско наддавање во пишан договор со инвеститорите.

 

Од Општина Петровец се оптимисти дека ќе се реализираат сите проекти на приватните компании. Со последната лицитација, бројот на продадени градежни парцели е се зголеми на повеќе од 60. Оттаму напоменуваат дека интересот за купување на градежно земјиште во зоната „Ќојлија“ во континуитет се зголемува и истата станува атрактивна за домашните и за странските инвеститори. За идните објекти е обезбеден пристап до гасовод, електрична енергија, вода и телекомуникациска мрежа. Мултифункционалната зона е оддалечена од Скопје само 17 километри и е во непосредна близина на аеродромот „Александар Велики“, автопатот и железничката пруга од Коридорот 10.