Битолскиот градоначалник Владимир Талески соопшти дека преку фондови на Европската Унија се обезбедени финансиски средства за реконструкција на пругата од Битола до грчката граница. Оваа делница влегува во состав на гранката „Д“ на пан-европскиот коридор 10. Пругата која сега е во крајно запуштена состојба ќе биде прилагодена за брзини од 100 километри на час. Проектот тежи над 10 милиони евра. За јуни се најавува распишување на тендер за изработка на техничката документација, а градежните работи се планира да стартуваат во 2013 и да завршат во 2014 година. Железничката врска помеѓу Битола и Лерин е во прекин од 1986 година.