Претходна статија
Проширена уште една делница на Теодосиј Гологанов
Следна статија
Општина Дебар се спротистави на изградбата на „Луково поле“

Фабриката на италијански „Текнохосе“ започна со работа во „Бурнарџик“

Објавено на 29.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Технолошко – индустриската зона „Бунарџик“ ја доби четвртата заокружена инвестиција со денешното пуштање во работа на фабриката за високопритисни гумено – армирани црева за градежната и за автомобилската индустрија. Италијанската компанија „Текнохосе“ (Teknohose S.p.A) го изгради ветениот објект на површина од 3.000 метри квадратни, во кој се вработени 35 лица. Инвеститорот одвои 5 милиони евра за реализирање на проектот, кој претставува прва инвестиција на „Текнохосе“ надвор од Италија. Производите е зацртано да се пласираат на пазарите во земјите од Југоисточна Европа и во Русија. Покрај досегашните активности, компанијата планира да го продолжи вложувањето во Македонија со реализација на дополнителен погон во вредност од 10 милиони евра, чија изградба ќе започне во март 2013 година и во него ќе се вработат уште 150 лица.

 

 

* Извор на фотографијата: Влада на Р.М.

 

 

Италијанската компанија, која е членка на групацијата „Витило“ (Gruppo Vitillo), во мај 2010 година закупи 2 хектари земјиште по цена од 10 евроценти за метар квадратен годишно за временскиот период од 50 години, со можност договорот да се продолжи за дополнителни 45 години. Таа во 2008 година го купи сегашниот објект од Министерството за финансии и во него вложи финансиски средства за реконструкција и негова пренамена. Во согласност со мерките за привлекување на странски инвестиции изготвени од македонската влада, „Текнохосе“ во наредните 10 години е ослободен од плаќање на данокот на добивка и персоналниот данок, како и плаќањето на ДДВ и царините за опрема и суровини. Производството во фабричката хала требаше да стартува уште во 2оо9 година, но поради глобалната економска криза италијаните се одлучија да ја одложат инвестиција.