Претходна статија
GEZE ќе ги претстави во Македонија своите најнови продукти
Следна статија
Фабриката на италијански „Текнохосе“ започна со работа во „Бурнарџик“

Проширена уште една делница на Теодосиј Гологанов

Објавено на 28.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше официјално пуштена во употреба проширената и реконструирана делница на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје, на сегментот од крстосницата со улицата Франклин Рузвелт до крстосницата со улицата Братфордска и булеварот 8-ми Септември, во должина од околу 750 метри. Новиот коловоз има четири коловозни ленти без средишно зеленило, а вкупната ширина е 16 метри. Од двете страни на сообраќајницата се формирани тротоари со широчина од по 3,5 метри, поплочени со бехатон плочки на вкупна површина од 6.500 метри квадратни. Во рамки на проектот беше изградена и атмосферска канализација во должина од 1.500 метри, со профил од 200 и 400 милиметри која е приклучена во постојниот колектор.

 

За овој инфраструктурен зафат, од градскиот буџет беа издвоени 47 милиони денари или околу 765 илјади евра. Градежните работи започнаа во јуни годинава, а проектот го реализираше градежната фирма „Транс Мет ДОО“.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Мапа - булевар Митрополит Теодосиј ГологановБулевар Митрополит Теодосиј Гологанов (извор: Град Скопје)Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов (извор: Град Скопје)