Претходна статија
Сарај конечно поврзан со нов мост
Следна статија
Новата фасада на Министерството за правда ќе чини 2,9 милиони евра

Се бара идејно решение за уште една владина зграда на улицата „Македонија“

Објавено на 25.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија денеска објави конкурс за избор на идејно решение за нов административен објект во кој ќе се сместат Советот за радиодифузија, Акционерското друштво за станбен и деловен простор од значење за Републиката како и самата Службата за општи и заеднички работи. Предвидената локација е на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје, веднаш до хотелот „Бристол“, во малиот парк во кој се наоѓа скулптурата во спомен на загинатите од скопскиот земјотрес од 1963 година [»мапа]. На спротивната страна од улицата „Македонија“, веќе започна да се подготвува теренот за изградба на деловната зграда на ЕЛЕМ и административниот објект за неколку државни институции.

 

#Деталниот урбанистички план предвидува здание со приземје, осум ката и поткровје, со максимална висина од 29 метри.  Парцелата е со големина од 746 метри квадратни, а објектот може да има бруто површина до 4.099 метри квадратни. Архитектите ќе треба да ги достават своите трудови најдоцна до 30 ноември. Од владината служба се одлучија најквалитетното идејно решение да добие прва награда во вредност од 300.000 денари, а предвидени се и два откупи на трудови во износ од 200.000, односно 100.000 денари. Институциите кои треба да се сместат во административната зграда подолго време се соочуваат со недостиг на простор, издвојување на финансиски средства за кирии или пак функционираат во дотраени објекти. АДСДП сеуште е лоцирано во стари бараки на улица Орце Николов, владината служба е лоцирана во трговскиот центар „Скопјанка“, додека независното регулаторно тело од областа на радиодифузијата ги користи канцелариите на бивша „Агромеханика“.