Претходна статија
Отворено новото МНР
Следна статија
Се бара идејно решение за уште една владина зграда на улицата „Македонија“

Сарај конечно поврзан со нов мост

Објавено на 24.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од денеска е отворен за сообраќај новоизградениот мост на реката Вардар, кој ги поврзува општините Ѓорче Петров и Сарај [»мапа]. Се работи за армирано – бетонски мост, со вкупна должина од 50 метри, во три распони, со коловоз кој има по една сообраќајна лента во двете насоки (со ширина од по 3,5 метри), а од едната страна има велосипедска патека (со ширина од 2,5 метри) и пешачка патека (со ширина од еден метар). Новиот инфраструктурен објект е поставен на растојание од 1,5 метри од стариот „железен“ мост кој датира од 1945 година и е паралелен со него.

 

Мост Сарај (извор:Град Скопје)Мост Сарај (извор:Град Скопје)

 

 

Изведбениот проект за новиот мост го изработи „Прима инженеринг“. Камен темелник беше поставен на 02.06.2011, а на изградбата работеа екипи на градежната компанија „Гранит“. Висината на инвестицијата изнесува 96,8 милиони денари, односно околу 1,57 милиони евра, средства кои беа заеднички обезбедени од Градот Скопје, Општината Сарај и од Владата на Република Македонија. Во рамките на проектот беа асфалтирани и пристапните улици кон мостот, во должина од неколку стотини метри.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект