Претходна статија
Општина Штип се мисли помеѓу две варијанти за гасификација на градот
Следна статија
Утре ќе се одржи стручна расправа за Нацрт ГУП-от на Скопје

Се подготвува теренот за два сплава во Вардар

Објавено на 29.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Просторот се оградува, багерите во речното корито на Вардар го подготвуваат теренот, а градежните работници го складираат потребниот материјал за идните сплавови во строгиот центар на Скопје, кои треба да ги изгради фирмата „Фаланга дим“. На двете локации, спроти Стариот театар и спроти новата зграда на Министерството за надворешни работи, започна реализацијата на овие угостителски објекти во форма на галии, кои претставуваат нова експанзија на проектот „Скопје 2014“. Според информациите од инвеститорот, еден од бродовите ќе прерасне во луксузен француски ресторан, додека вториот ќе биде бар со закуски. Градот Скопје ја презеде обврската за реализација на потребната инфраструктура (вода, струја и канализација) за двата сплава, за што треба да вложи 150.000 евра, додека самиот инвеститор треба да направи пристапна патека.

 

##

 

 

Предвидено е објектите да бидат подигнати од монтажни челични конструкции, кои однапред ќе бидат обложени со дрво. „Фаланга Дим“ беше избрана од Градот Скопје да ги реализира и да управува со овие угостителски капацитети, за месечна кирија од 2.300 евра. Договорот е со важност од 10 години, со можност за негово продолжување. Обврска на инвеститорот е во рок од две години целосно да ја заврши изградбата на галиите. Сепак, приказната со бродовите во духот на „Скопје 2014“ не завршува тука. Со најновите измени на ДУП „Мал Ринг“, предвидено е во коритото на Вардар да се изведат вкупно шест сплавови, четири од десната страна на Вардар и две од левата страна, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до мостот „Слобода“, кај седиштето на Министерство за надворешни работи.

 

 

Идејно решение за сплавот што ќе се наоѓа спроти зградата на Министерството за надворешни работи:

##

 

 

Идејно решение за сплавот што ќе се наоѓа спроти зградата на Стариот театар:

##