Претходна статија
АДСДП инвестира во нова катна гаража спроти Стариот театар
Следна статија
Нови 275 паркинг места во центарот на Скопје

Ставен во функција уште еден кружен тек во Ѓорче Петров

Објавено на 12.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше официјално отворен за сообраќај новиот кружен тек во близина на црквата Свети Петар и Павле во Ѓорче Петров, кој ги поврзува булеварот Партизански одреди, улицата Македонска војска, улицата 4 јули и улицата Лука Геров [»мапа]. Кружниот тек има две коловозни ленти со ширина од по 4,5 метри и е осветлен со 20 столбови за улично осветлување, а за асфалтирање е употребена мешавина „сплит-мастикс“ којашто дозволува поминување на тешки товарни возила без да се формираат вдлабнатини на коловозот, односно колотраги. Булеварот Партизански одреди во близина на новото сообраќајно решение е проширен со една коловозна лента од десната страна (гледано во насока кон Новоселски пат) и изградени се тротоари со ширина до 2,5 метри, поплочени со бехатон плочки. По должината на булеварот Македонска војска и на улиците Лука Геров и 4 јули се оформени тротоари широки до 4,5 метри, исто така поплочени со бехатон плочки.

 

На изградба на новиот кружен тек во Ѓорче Петров работеше оперативата на градежното претпријатие „Гранит“. Инвеститор беше Градот Скопје кој од својот буџет за овој проект обезбеди околу 25 милиони денари. Ова е втор кружен тек во општината – минатата година во функција беше ставен првиот кружен тек, на местото каде се вкрсуваат улиците Ѓорче Петров, Воин Драшковиќ и Радушка.

 

Новиот кружен тек кај црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров (извор: Град Скопје)Новиот кружен тек кај црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров (извор: Град Скопје)Новиот кружен тек кај црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров (извор: Град Скопје)