Претходна статија
Проектот „Гевгелија 2013“ започнува со изградба на нова автобуска станица
Следна статија
Конечно ќе биде реконструирана Универзалната сала

Наместо да се пушти во употреба, објавен е четврти тендер за изградба на аква паркот во СЦ „Борис Трајковски“

Објавено на 18.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Визуелизација на планираниот аква парк во склоп на СЦ „Борис Трајковски“Скопјани дефинитивно ќе ја чекаат наредната 2013 година за да можат да уживаат во ветуваниот аква парк во рамките на спортската арена „Борис Трајковски“. Наместо свечено да се пушти во употреба, деновиве е распишан четврти тендер со кој се бара компанија што ќе го изгради најавуваниот проект на атрактивната локација во општина Карпош. Фирмите кои се заинтересирани да учествуваат во постапката треба да ги достават своите понуди до 6 септември, за кога е планирано и да се одлучи кој ќе го гради рекреативниот спортски парк. Времетраењето на претстојниот договор ќе изнесува 5 месеци, така што долгонајавуваната содржина во рамки на спортскиот комплекс не би можела да биде завршена порано од почетокот на февруари 2013 година.

 

Засега не се објавуваат дополнителни информации за причините поради кои пропадна претходниот оглас за избор на најповолен понудувач. Главна пречка за неговата изградба во првичните два обида беа недонесените измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план за урбаниот блок Карпош 3 од страна на локалната самоуправа во Карпош. Аква паркот е предвидено да зафати површина од 5.600 метри квадратни, а целокупната инвестиција во проектот би требало да изнесува околу 3 милиони евра. Планирано е тој да се состои од базен со бранови, тобогани, мрзлива река со водопад и останати пропратни содржини за рекреација на посетителите. Идејниот проект го изработи „Темон инженеринг“ од Скопје.

 

 

[youtube=http://www.youtube.com/watch?v=T3W0Qv4TXjg&rel=0&w=515]