Претходна статија
За Факултетот за физичка култура ќе се гради нов објект
Следна статија
ЕЛЕМ купува ветерници за 41 милион евра

Градежните работи на катната гаража „Судска палата“ влегуваат во финална фаза

Објавено на 16.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Катната гаража „Судска палата“, лоцирана до новиот објект на Кривичниот суд, се наоѓа во завршна фаза на изведување на градежните активности. Во моментов забрзано се работи на довршување на јужниот дел од фасадата на зданието, а се изведуваат и градежно – занаетчиски работи, машински работи (греење, ладење, вентилација и др.), поставување на електрична инсталација, водовод и канализација. Веќе се завршени северната, источната и западната фасада на гаражниот простор. Според првичните информации катната гаража требаше да биде готова до крајот на јуни годинава и да има фасада со современ изглед. Од Општина Центар, која е инвеститор на проектот, засега не даваат прецизни информации кога би требало да се комплетира објектот.

 

Новиот паркинг простор во центарот на Скопје ќе има капацитет од 500 паркинг места и ќе се простира на површина од околу 20.000 метри квадратни. Во рамките на објектот е предвиден деловно – административен простор на 15% од вкупната површина. Локалната самоуправа вложи 5 милиони евра во остварување на проектот, финансиски средства обезбедени од комерцијален кредит и од продажба на деловниот простор. Изведувач на градежните работи е претпријатието „Бетон“ од Скопје, а проектот го изработи проектантската куќа „Мегарон“.

 

 

 

 

 

* извор на фотографиите: Општина Центар