Претходна статија
До 2014 година ќе се завршат 1.753 станови за социјално ранливи групи
Следна статија
Општина Битола ќе се обиде да гради затворен базен по пат на јавно - приватно партнерство

Агенцијата за млади и спорт го раскина договорот со „Конструктор“ за спортските игралишта

Објавено на 12.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По прекинувањето на договорот за проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид“, хрватската компанија „Конструктор инженеринг“ изгуби уште една градежна зделка во Македонија поради неисполнување на одредби од договорите. Агенцијата за млади и спорт денеска соопшти дека го раскинува договорот за изградба на 100 повеќенаменски спортски игралишта во вредност од 9,7 милиони евра, поради непридржување до планот за изведување на градежните работи, со што се одолговлекува целокупниот проект.

 

Од агенцијата соопштуваат дека во наредниот период ќе вложат напори за завршување на ветениот проект, за кој во владината програма е наведено дека ќе се комплетира до 2014 година. Игралиштата што е планирано да се изградат на целата територија на Македонија, треба да бидат опремени со спортски реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови, а истите ќе бидат заградени и осветлени за спортување во ноќните часови.

 

Покрај на овој проект, „Конструктор инженеринг“ досега работеше на неколку градежни зафати во Македонија. Компанијата од Хрватска во изминативе неколку години беше вклучена во изведбата на проектот „Скопје 2014“, реконструкција на здравствени установи низ земјава, изградбата на спортскиот комплекс на ФФМ во општина Аеродром, како и други градби финансирани од државата, локалните самоуправи и приватните компании.