Претходна статија
Привршува изградбата на новиот мост кај Сарај
Следна статија
Се продаваат парцели за изградба на откупно - дистрибутивни центри во Валандово и Ресен

„Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба во Жабени

Објавено на 02.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и Мартин Пасерн кој е член на Управниот одбор на „Кромберг и Шуберт“ (Kromberg & Schubert), денеска во индустриската зона „Жабени“ близу Битола поставија камен темелник за новата фабрика на оваа германска компанија од автомобилската индустрија. Германскиот инвеститор во Жабени поседува 10 споени парцели со вкупна површина од околу седум хектари, а новиот производствен капацитет во кој ќе се изработуваат кабелски инсталации за автомобили ќе има корисна површина од 22.500 метри квадратни.

 

Во првата фаза се очекуваат 400 вработувања, бројка која се најавува дека подоцна ќе нарасне на околу 2.500 вработени лица. Првата фабричка хала треба да биде завршена до ноември годинава, а производствениот процес се планира да започне во март 2013 година. Инвестицијата е во висина од околу 20 милиони евра. Изведувач на градежните работи е „Пера Констракшн“.

 

Владимир Талески, градоначалникот на Општина Битола на денешната пригода изјави дека очекува да продолжи интересот на инвеститорите за индустриската зона „Жабени“. Досега се продадени 45 парцели кои се простираат на вкупно 34 хектари, односно 60 отсто од предвиденото земјиште. Се најавува и изградба на железничка врска од пругата Битола – Кременица до зоната.