Претходна статија
Изградбата на патот Радовиш - Струмица руши неславни рекорди
Следна статија
Мега - проектот „Era City“ конечно ќе се изгради?

Белгиски „Ван Хол“ влегува во „Бунарџик 2“

Објавено на 20.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Една од водечките белгиски компании, „Ван Хол“ (Van Hool), закупи градежна парцела со површина од 117.640 метри квадратни во „Технолошко – индустриската развојна зона Скопје 2“ кај Бунарџик. Временскиот период на закуп на земјиштето изнесува 95 години, при што белгијците ќе одвојат по 10 евроценти за метар квадратен во првите пет години, односно по 11.764 евра годишно. Според информациите од објавата во „Службен весник“, за да управува со земјиштето, „Ван Хол“ во период од 60 дена по потпишувањето на договорот ќе треба да уплати околу 59 илјади евра за првите пет години од закупот.

 

 

Ван Хол автобус

 

 

Белгискиот производител на автобуси ја потврди инвестицијата во индустриската зона „Бунарџик 2“ на почетокот од 2012 година. Тие најавија дека во фабриката во Македонија ќе вложат околу 20 милиони евра, а производството на првите 300 автобуси за американскиот пазар го најавија за втората половина на 2013 година, по завршувањето на изградбата на индустрискиот објект. „Ван Хол“ годишно изработува околу 1.400 автобуси и 4.000 разни видови комерцијални возила.