Претходна статија
Се нуди земјиште за изградба на хотели и трговски центар во општина Куманово
Следна статија
Аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“ ќе се врши до 31 октомври 2012 година

Започна реконструкцијата на улицата „Самоилова“ на Скопското Кале

Објавено на 16.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Извор: Град СкопјеГрадот Скопје денеска започна со реконструкција на улицата „Самоилова“ на потегот од калдрмата под тврдината Кале до зградата на амбасадата на САД во Македонија. Според надлежните се работи за должина од 2.020 метри. За да се задржи досегашниот амбиент на оваа стара скопска улица, камената коцка ќе се пререди во должина од околу 200 метри, а на останатиот сегмент ќе се постави нов асфалтен слој на површина од околу 6.000 метри квадратни. Долж целата улица ќе се постават нови рабници, како и 45 шахти и 10 сливници. Од двете страни на коловозот ќе се изградат нови тротоари со ширина помеѓу 1,5 и 2 метри во зависност од условите, кои ќе бидат покриени со бехатон плочки.

 

„За обнова на коловозот на улицата „Самоилова“ Градот Скопје ќе издвои околу 31 милион денари, а на терен ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“. Рокот на изведба е 120 дена“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. На улицата „Самоилова“ градските власти и општина Центар, пред да започнат активностите за нејзина реконструкција, изградија нова водоводна, фекална и атмосферска мрежа во вредност од околу 30 милиони денари.