Се оградува просторот од левата страна на Вардар, на аголот помеѓу улицата Стив Наумов и кејот. На оваа локација ќе се гради нов објект за Министерството за надворешни работи. Продавачите на стари книги и предмети кои досега го користеа овој простор се дислоцирани и наскоро се очекува поставување на камен темелник. Инвестицијата е вредна 12 милиони евра, изведувач е „Бетон“, а рокот за изградба е 18 месеци. Автори на идејното решение за новата административна зграда, која се опишува како „барокна“, се Благоја и Лидија Стојановски.
Деталниот урбанистички план предвидува на површина за градба од 1.453 метри квадратни да се изгради објект со приземје, седум ката и поткровје, висок 29 метри и со вкупна површина од 13.077 метри квадратни. Оваа маркичка за градба (7.10.1) беше за прв пат вцртана во една од неодамнешните измени на ДУП „Мал Ринг“.
Форумска дискусија за овој проект –> овде