Претходна статија
Добивката на компанијата „Бетон“ порасна за 14% во текот 2011 година
Следна статија
И во март продолжил трендот на пораст на бројот на започнати нови станови за градење

Голем трговски центар се гради во Тетово

Објавено на 06.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во декември годинава е планирано отворањето на „Palma Mall“ во Тетово, трговски центар кој ќе располага со бруто изградена површина (GBA) од 32.000 метри квадратни, од кои 15.200 метри квадратни ќе бидат бруто закупна површина (GLA). Се работи за надградба на постоечкиот комерцијален објект на влезот во Тетово од страната на Скопје, во близина на фабриката за медицинска пластика [»мапа], инвестиција која беше реализирана во 2006-тата година. Тогаш беа вложени шест милиони евра, а надградбата која е во тек е дополнителна инвестиција во висина од околу седум милиони евра.

 

На четири нивоа (три надземни и едно подземно) ќе бидат распоредени вкупно 90 локали, помеѓу кои и „Рамстор“ супермаркет на површина од 2.800 метри квадратни, „Палма Трејд“ продавница за бела техника и апарати за домаќинството, како и салон на данскиот ланец за уредување на домот „JYSK“. Покрај ова, во „Palma Mall“ е предвидено и „5Д Кино“, куглана со шест патеки и површина од над 1.000 метри квадратни, „Food Court“ со површина од над 600 метри квадратни, голема игротека и други дополнителни содржини. Подземната гаража во склоп на објектот заедно со надворешниот паркинг ќе обезбедат вкупно 500 паркинг места за посетителите. Изведувач е тетовската фирма „Конструкциони“, а проектот го изработи и надзорот го врши „ДСЦ Дизајн“ од Скопје.

 

 

 

[youtube=http://http://www.youtube.com/watch?v=KNOqbqT2e4A&rel=0&w=515]

 

 

Визуелизација - Palma Mall Tetovo

Визуелизација - Palma Mall Tetovo

Визуелизација - Palma Mall Tetovo

Визуелизација - Palma Mall Tetovo

Визуелизација - Palma Mall Tetovo