Со денешното пуштање во функција на патниот јазол кој директно го поврзува автопатот „Александар Велики“ со новиот терминал на истоимениот аеродром, се заокружи проектот за негова реконструкција и надградба. Се работи за автопатска клучка од типот „труба“, а сообраќајното решение вклучува и кружен тек лоциран во рамките на самиот аеродром. Инвестицијата е во висина од 2,2 милиони евра, од кои 1,5 милиони евра се средства на „ТАВ“, додека останатите ги обезбеди Владата. Градежните работи ги изведуваше „Гранит“. Старата клучка која се наоѓа околу половина километар јужно, исто така останува во функција.