Претходна статија
21,5 милиони евра за ревитализација на „Вруток“ и „Равен“
Следна статија
Се продава земјиште во Аеродром, купувачите ќе треба да изградат и административна зграда за општината

„Carrefour“, „Inditex“ и „Cineplexx“ ќе бидат најголеми закупци во „Skopje City Mall“

Објавено на 20.03.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на „Skopje City Mall“ [»мапа] тече според предвидената динамика и денес беше потврдено дека отворањето ќе биде во септември, како што беше и првично планирано. Инвеститорите на трговскиот центар ја потврдија и минатогодишната неофицијална информација за влезот на „Carrefour“ (Карфур) и „Zara“.

 

Најголем закупец на простор во „Skopje City Mall“ ќе биде токму францускиот интернационален малопордажен ланец „Carrefour“, кој според прометот е прв во Европа и втор на глобално ниво. „Carrefour“ ќе оперира со хипермаркет со површина од 4.650 метри квадратни. Со влезот во Македонија, оваа француска компанија го започнува и својот пробив на бившите југословенски простори.

 

Една од најголемите светски модни групации, шпанската корпорација „Inditex“ ќе биде застапена во трговскиот центар со брендовите „Zara“, „Bershka“, „Massimo Dutti“, „Pull & Bear“ и „Stradivarius“, на вкупна површина од 4.350 метри квадратни. Најголема ќе биде продавницата на „Zara“ која ќе зафаќа 2.190 метри квадратни, распоредени на два ката.

 

Со девет кино сали опремени со современа дигитална технологија преку која македонската публика ќе може да го искуси популарниот „Real 3D“ ефект, ќе оперира австриската компанија „Cineplexx“. Австријците планираат освен филмови, да понудат и спортски и музички настани во „Real 3D“.

 

„Skopje City Mall“ е заедничка инвестиција на македонската „Fashion Group“ и „Balfin Group“ од Албанија, која според најновите информации ќе достигне 90 милиони евра. Трговскиот центар ќе има бруто изградена површина (GBA) од 90.000 метри квадратни, од кои 39.000 метри квадратни ќе бидат бруто закупна површина (GLA), со што ќе биде најголем затворен трговски центар во земјава. Се предвидуваат 2.200 нови работни места, од кои 250 ќе бидат само во хипермаркетот на „Carrefour“. Според инвеститорите, досега се закупени околу 85 проценти од просторот кој се издава.

 

 

Визуелизации:

 

Skopje City Mall

Skopje City Mall

Skopje City Mall

Skopje City Mall