Сите 16 минибуси од моделот ZK6770HG на кинескиот производител „Јутонг“, наменети за јавниот автобуски превоз во Скопје се пристигнати во главниот град и во тек е постапката за нивна хомологација, по што истите ќе бидат ставени во функција. Во меѓувреме „Јутонг“ ја започна испораката и на нови 68 двокатни автобуси за ЈСП. Автобусите во текот на денешниот ден се товареле на пристаништето во Шангај и се очекува да бидат истоварени во Пиреа кон средината на февруари, а во Македонија да пристигнат во март. До сега како дел од владината нарачка во Македонија веќе пристигнаа 68 двокатни автобуси. До крајот на 2013 година треба да бидат испорачани и преостанатите 66 примероци.
» Форумска дискусија за јавниот автобуски превоз
» Форумска дискусија за двокатните автобуси