Годишната награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за најуспешно реализирано архитектонско дело во Република Македонија, која се доделува по 17-ти пат, ја добија архитектите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски од „Синдикат студио“ за проектот Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево [»мапа]. На свеченоста што се оддржа вчера вечер во Македонската опера и балет, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, покровител на традиционалната манифестација, им ја врачи наградата на овогодинешните добитници. Архитектите од „Синдикат студио“ добија и авторски хонорар од Македонската авторска агенција.
*Извор на фотографија: openbuildings.com
Претседателката на Жири комисијата, архитектката Мимоза Томиќ Несторовска ја образложувајќи ја одлуката рече: „Објектот претставува современа концептуална разрешена просторна композиција многу блиска до спиритуалноста на скулпторскиот простор отколку до функционалните аспекти и формалните закономерности на архитектонската структура. Уметничката компонента во пристапот се препознава во ликовноста и внатрешната поетика на архитектонсктата форма – симболична, но истовремено ненаметлива како посредник во индивидуалната комуникација на посетителот со меморијалната функција на обкетот“.
» Форумска дискусија за овој проект
Бојан Блажевски