Претходна статија
Буџетот на Градот усвоен, скопјани ќе возат по нови сообраќајници во 2012 година
Следна статија
Аеродромци ќе добијат парк од милион евра

Конечно понуди за Чебрен и Галиште

Објавено на 15.12.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска со истекот на последниот рок,  кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.) доставија понуди на тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.  PPC понудила 28% од акциите во идните електрани да бидат на ЕЛЕМ, додека CWE понудила 40,5%. Процентот на акциите кои му се нудат на ЕЛЕМ е главниот критериум на тендерот.

 

Според вицепремиерот Владимир Пешевски, тендерската комисија сега ќе треба да констатира дали понудите се целосно во согласност со барањата од тендерската документација. До крајот на годината комисијата во соработка со консултантот IFC од Светска банка би требало да достави извештај до Владата, која потоа ќе заземе став дали понудите се технички исправни и дали воопшто ќе се одлучи да ја додели концесијата. Во случај една од компаниите биде дисквалификувана, тендерот сепак ќе биде успешен и со една понуда, бидејќи му претходеше претквалификација. На тендерот беа пријавени 16 компании и конзорциуми, а претквалификационата фаза ја минаа десет. Доколку биде избран концесионер, се најавува главните градежни работи да започнат за една и пол година. Дотогаш ЕЛЕМ е обврзан да ги заврши пристапните патишта.