Под покровителство на Град Скопје сношти беше отворено 13-тото по ред издание на „АСК – Архитектура Скопје“, манифестација која традиционално се одржува по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на градот. Главната награда ја доби деловниот центар „Сан Марко“, дело на архитектот Ѓорѓи Мојсов во соработка со Оливија Мојсова, од проектантското биро „ГМС“. Пофалници добија Мишо и Снежана Арсови од „Инженеринг Импекс СА“ заедно со соработникот Игор Димов за проектот „Технички преглед со салон за моторни возила и сервис“, како и Бетим Зеќири и Бекир Адеми за проектот за Градска Плажа во Скопје.
На конкурсот што беше распишан по повод „АСК 2011“, пристигнаа 50 проекти и реализации, од кои во конкуренција за наградите влегоа 47. Изложбата на трудовите е поставена во Музејот на град Скопје.