Претходна статија
Алтернативен модел за изградба на патниот Коридор 8
Следна статија
Деловниот објект „Сан Марко“ прогласен за најдобар проект на АСК 2011

Економската состојба во градежниот сектор се подобрува

Објавено на 14.11.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежниците со оптимизам гледаат на моменталната економска состојба во својот сектор. Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото како поповолна ја оценија економската состојба во третото тримесечје на 2011 година во однос на претходното тримесечје, како и во однос на истиот период минатата година. Сепак, раководителите на градежните компании и понатаму најмногу ги посочуваат зголемените трошоци за материјали (17,7%), зголемените финансиски трошоци – камати (16,7%), друго (12,5%) и немањето на побарувачка (11,5%) како ограничувачки фактори за подобрување на сегашната градежна активност.

 

Како поповолна во однос на претходното тримесечје од 2011 година и во однос на истиот период лани се оценува и сегашната состојба со порачки (договори) за градежни работи, а главната причина за ова е склучувањето нови договори на домашниот пазар. Во третото тримесечје од 2011 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се неповолни, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата и понатаму се незадоволителни и под нормалата.

 

 

Бојан Блажевски