Претходна статија
Се нудат нови парцели за изградба на винарии во Кавадарци
Следна статија
Мостот Гоце Делчев во ново светло

Во општина Илинден започна изградба на модуларно училиште

Објавено на 23.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на министерот за образование Панче Кралев, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и градоначалникот Жика Стојановски, денес беше поставен камен – темелник на ново модуларно основно и средно училиште во општина Илинден, со што оваа локална самоуправа ќе го добие првиот објект од ваков тип на сопствена територија. Планираниот објект ќе биде на два ката на површина од 2.300 метри квадратни и е во рамки на веќе изградените тениски терени, спортска сала и градинка во оваа општина. Вкупната вредност на предвидената образовна институција е 1,5 милиони евра, при што општина Илинден обезбеди 1.000.000 евра, додека останататите финансиски средства се добиени во соработка со Владата на Р. Словенија. Изведувач на градежните работи е компанијата Тримо Македонија од Скопје, проектирањето на објектот го изврши Тагора од Скопје, а за надзорот на изградбата на објектот е задолжен Веинг од Скопје. По подолг временски период, ова е прва започната инвестиција во изградба на ново средно училиште во Скопје и неговата околина од страна на локалната самоуправа во соработка со централната власт, при што истото е со комплетно затворена финансиска конструкција.

 

####

 

 

Бојан Блажевски