Претходна статија
Се бара изведувач за Плоштадот „Скендербег“ во Скопје
Следна статија
Се нудат нови парцели за изградба на винарии во Кавадарци

Започна изградбата на трговски центар во Петровец, се најавува значајна инвестиција и во Катланово

Објавено на 21.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Во Петровец денеска беше поставен камен темелник на мултифункционален трговски центар кој го гради италијанската групација „Еуроиталиа“, инвестиција вредна 10 милиони евра. Трговскиот центар ќе има приземје и четири ката, основа од 2.186 метри квадратни и корисна површина од 9.105 метри квадратни. Во склоп на објектот предвиден е паркинг простор за 80 возила. Изведувач на градежните работи е локалната фирма „Ники градба“, а рокот за завршување е до крајот на 2012 година. Се очекува трговскиот центар да отвори 100 нови работни места.

 

Италјанскиот инвеститор најавува продолжување на инвестициите во Македонија, а градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, изјави дека „Еуроиталиа“ веќе купила парцела со површина од 6.000 метри квадратни во Катланово, на која планира да гради објект со вкупна површина од 27.000 метри квадратни. Ова се поклопува со информациите кои проструија кон крајот на 2009 година, кога беше најавено дека „Еуроиталија“ е заинтересирана да инвестира во спортско-рекреативен центар и спа-центар во близина на постоечката Катлановска бања. Централно место во комплексот требаше да има 6-катен хотел од висока категорија, а вкупната инвестиција тогаш се проценуваше на 14 милиони евра.