Претходна статија
Македонскиот фудбал ќе добие своја куќа
Следна статија
Голема лицитација на парцели во Петровец

Град Скопје ќе се задолжува за изградба на подземна сообраќајница

Објавено на 12.10.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Советот на Град Скопје денес изгласа одлука за задолжување преку издавање на хартии од вредност – обврзници, во висина од пет милиони евра. Се работи за прво задолжување на главниот град користејќи го овој финансиски инструмент. Средствата ќе бидат употребени за изградба на подземна сообраќајница која ќе поминува под Плоштадот Македонија и ќе го поврзува булеварот Кузман Јосифовски Питу со булеварот Илинден. Оваа сообраќајница е во спротивност на Генералниот урбанистички план на Скопје, кој исто така предвидува подземен сообраќаен коридор под центарот на градот и Плоштадот Македонија, но со поинаква траса и профил.

 

Во март годинава градските и централните власти потпишаа Меморандум за соработка за финансирање на проектот. Вкупната инвестиција се проценува на 30 милиони евра, од кои 20 милиони ќе обезбеди Владата од државниот буџет и преку кредитно задолжување, а преостанатите ќе ги обезбеди Градот, делумно со обврзници и делумно од сопствениот буџет

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

##