ОСВРТ: Архитектонската фела се прости од доајенот Славко Брезоски
Некогашни и денешни студенти, професори и негови колеги, денеска му оддадоа почит на доајенот на македонската архитектура Славко Брезоски. На комеморативната седница одржана на Архитектонскиот факултет во Скопје за неговото врвно архитектонско творештво говореа професорите Минас Бакалчев, Мартин Гулевски, Михајло Волкановски, Анета Христова и Митко Хаџи-Пуља. Поранешните ученици од клупите на Архитектонскиот факултет се присетија