Владата во заминување се пофали со луксузниот ентериер на „Це-Ка“
Кожни фотелји, отмен дрвен паркет, тркалезна маса и врати од масивно дрво и големи лустери кои го нагласуваат луксузниот ентериер на „барокното“ владино седиште во центарот на Скопје. Владата во заминување вчера одржа седница во новата сала за седници, покажувајќи и го на јавноста внатрешното уредување на објектот во согласност со проектот „Скопје 2014“.