Втора фаза од реконструкцијата на улицата Сарај
Градот Скопје денеска започна со градежни работи на втората фаза од реконструкцијата на главната сообраќајница во Сарај. Улицата ќе се санира во должина од околу 1.200 метри, на потегот од патот што води кон селото Љубин до крстосницата со локалниот пат кон селото Глумово и клучката кон Тетово. Со проектот е опфатена санација на коловозот