Четири нови улици се градат во населбата Стар Аеродром
Општина Аеродром ја започна изградбата на четири нови улици во населбата Стар Аеродром. Станува збор за изградба на фекална и атмосферска канализација, асфалтирање, тротоари и јавно осветлување на улиците „Пандил Шишков“, „Вангел Тодоровски“ и двете новопроектирани улици 4 и 5 со вкупна должина од околу 800 метри. Ширината на улиците ќе изнесува седум метри.