Ќе се реконструира уште еден сегмент од улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел
Градот Скопје денеска објави тендер за реконструкција на улицата „Александар Урдаревски“, на потегот од реката Серава до границите со Генералниот урбанистички план за Скопје, при што ќе се извади постојната коцка, а на нејзино место да се нанесе асфалт на коловозот. За овој градежен зафат е предвидено да се потрошат околу 28,4 милиони денари. Градежните