Кумановската болница наскоро со нов ургентен центар
Комплетно нов објект на хируршкиот Ургентен центар при Општата болница во Куманово наскоро ќе биде пуштен во употреба. Деновиве привршуваат градежните работи врз новиот објект со површина од околу 600 метри квадратни, во кои се инвестирани околу 40 милиони денари. Во новите простории ќе бидат сместени итната хируршка амбуланта, ортопедска и анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија