Германија донира 9 милиони евра за два инфраструктурни проекта во земјава
Владата на Сојузна Република Германија, преку КфВ банката, на нашата земја ѝ додели неповратни средства во висина од 9 милиони евра. Спогодбата меѓу двете земји денеска ја потпишаа амбасадорот на СР Германија во Македонија, Томас Герберих и министерот за финансии, Драган Тевдовски. Со грантот ќе се финансираат два проекта. Четири милиони евра се наменети за втората фаза