Започна аплицирањето за проектот „Цел Центар на точак“
Општина Центар денеска ја започна реализацијата на проектот „Цел Центар на точак“. Локалната самоуправа годинава ќе субвенционира купување на 1.111 велосипеди за граѓаните од оваа скопска општина. Полнолетните жители најпрво ќе треба да купат велосипед, а потоа и да достават барање за субвенционирање, фискална сметка со сметко-потврда или фактура, копија од лична карта и