„Ескаватори“ ќе ја доврши реконструкцијата на главната улица во Сарај
Градот Скопје ја избра фирмата „Ескаватори-МК“ за реализација на втората и третата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајница во Сарај. Со претстојниот зафат ќе се довршат преостанатите 1,2 километри што не беа опфатени со првата етапа од проектот. Градежните работи треба да завршат во рок од пет месеци, со инвестиција од 9,5 милиони денари.