Македонските градежници лани имале помалку работа во странство
Наместо да се зголемува обемот на работа на странските пазари, македонските градежни компании стануваат зависни од работењето на малиот домашен пазар. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – декември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.306.602.000 денари, што е за 19,8% помалку во споредба со