Во мај двојно помалку станови предвидени за градење
Опаѓа интересот за изградба на нови станбени единици во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, македонските општини во текот на мај 2018 година издале одобренија за градење на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38.951 метар квадратен. Споредено со идентичниот месец лани, бројката на предвидени станови за градење е намалена за 55,8%,